Арсенал го победи Фулам со убедливи 4:1 во вториот денешен дуел од празничната програма во Премиер лигата.

Стрелци на головите за домашниот тим беа Џака, Лаказет, Ремзи и Обамејанг, за Фулам погоди Камара.

За Арсенал ова беше 12. победа во првенството, додека Фулам го претрпе 13-от пораз.

„Топџиите“ со 41 бод се на петтата позиција на табелата, Фулам останува во зоната на испаѓање, се наоѓа на претпоследното (19.место) со само 14 бода.

На првиот денешен дуел 21. премиерлигашко коло Лестер како гостин беше поуспешен од Евертон со 1:0.

Вечерва играат Кардиф и Тотенхем.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 02:36