Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи зборуваше пред „Скај Спорт Италија“ за гласините за привлекувањето на Арон Ремзи од Арсенал.

Тој изрази надеж и дека актуелната сезона ќе биде барем толку успешна, како и во последните 6-7 години.

– Нашиот приоритет е Лигата на шампионите. Ова стана наша цел и ние се чувствуваме доволно конкурентни за да сме главни претенденти, сигурно повеќе од последните години. Со Кристијано Роналдо сфативме уште повеќе колку сме добри, иако имавме одличен состав пред тоа и секогаш се претставуваме добро во Лигата на Шампионите, изјави Паратичи.

Во однос на Ремзи тој изјави дека е одличен играч и дека сакаат да го привлечат на „Алијанц“ стадионот.

– Неговиот договор истекува, и ние секогаш сме подготвени за ситуациите што ги нуди пазарот. Значи, ние исто така гледаме кон Ремзи. Повторувам, засега тој е играч на Арсенал и ние не сме единствениот тим кој го сака Велшанецот, вели Паратичи.

За тренерот Масимилиано Алегри, кој во последниве недели се поврзуваше со позицијата во Манчестер Јунајтед спортскиот директор на „старата дама“ смета дека тој е најдобар можен тренер за тимот од Торино и мисли дека Јувентус е вистинското место за него.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 14:02