Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, е прогласен за најдобар фудбалер на тимот од „Олд Трафорд“ во декември, објавено е на клупскиот твитер-профил.

Дваесет и пет годишниот Французин минатиот месец одигра шест натпревари, постигна четири гола и оствари три асистенции.

Во тековната сезона, Погба одигра 23 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи 9 гола и седум асистенции.

Манчестер Јунајтед е рангиран на 6. место на табелата во Премиер лигата со 25 бода по 20 кола.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 02:29