Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, жали за испуштената победа синоќа на гостувањето кај Виљареал.
Средбата од 17. коло во Примера заврши нерешено 2:2.
– Победата беше во наши раце. Моравме да постигнеме повеќе голови и порано да го решиме мечот. Но наместо тоа, противникот во последните десет минути го изедначи резултатот. Бејл го напушти теренот поради повреда. Модриќ беше сменет. Тој имаше грип, не можеше да игра иста 90 минути подеднакво енергично. Му благодарам на него. Неговата замена беше планирана. Иско одигра многу добро. Многу сум задоволен од неговата игра, изјави Солари.
По 17 рунди Реал Мадрид е на 4.место со 30 бода, седум помалку од лидерот Барселона.