Велшката ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл повторно е повреден. Крилото беше заменето од Иско по повредата на мускулот на левата нога. Пресметките на „АС“ покажуваат дека тоа е повреда број 22 на Бејл, откако тој игра во белиот дрес. Истовремено оваа повреда е осма во оваа област. Поради неговите повреди, тој пропуштил 84 средби на„лос бланкос“.

И денес од „Сантијаго Бернабеу“ не се појавија информации за состојбата на поранешниот играч на Тотенхем. Интересно е дека од „Бернабеу“ 15 месеци не пуштиле медицински извештај за Герет Бејл, иако повеќепати Велшанецот страдал од болки и пропуштал натпревари заради нив.

Многу веројатно е дека играчот нема да биде подготвен за неделниот натпревар со Реал Сосиедад.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 16:25