Англиски репрезентативец влегува во тоалетот на ноќен клуб, внимателно прави бела линија од висококвалитетен кокаин, по што почнуа да шмрка. На шокантната глетка е сведок соиграч од „гордиот албион“, кој ја раскажува приказната за британскиот таблоид “Сонце”.
Изданието ја задржува анонимноста на својот извор, но од редакцијата велат дека го знаат името на корисникот на кокаинот. Тој е репрезентативец на Англија, што едвај ќе му се допадне на менаџерот, Герет Саутгејт.
– Откако излезе од тоалетот, беше целосно збркан и не престануваше да зборува глупости. Освен издригиран, тој беше и пијан. Менаџерот беше бесен. Тој го избрка, мислејќи дека само е пијан, но потоа ја дозна вистината. Тоа не ни помогна, бидејќи во текот на целота сезона имавме проблеми во соблекувалната, раскажува изворот на „Сан“.
Срамната епизода веројатно се одиграла на 26 декември, на ден по Божиќ.
– Се собравме со момчињата и тренерот – да испиеме по едно по натпреварот и да се опуштиме малку. Еден од нашите колеги го виде како влегува во тоалетот и шмрка неколку линии кокаин. Овој играч знаеше дека нема да биде посетен од допинг полицајците во следните неколку дена, бидејќи истиот ден утрото дал тест за забранети стимуланси. Целата оваа приказна доаѓа во најлош можен момент. На теренот резултатите ни се подобрија многу. Но предметниот случај може да не врати во првобитната позиција, вели сведокот.
Ако биде фатен дека користел кокаин, фудбалерот може да „изгори“ за две години, ако ова е негов прв прекршок. Наркотикот остава траги во крвта на лицето во рок од 48 часа. Во урината, пак, може да се открие 96 часа по употребата.
Според правилата на Премиер Лигата, играчите можат да се тестираат за наркотици во секое време, вклучително и кога се дома.