Трансферите по линија Ливерпул-Борнемут не сопираат на четвртиот ден од 2019 година. Откако претходно во текот на денот „црешите“ си ги обезбедија услугите на дефанзивецот Натаниел Клајн, вечерва официјално беше прогласен и трансферот на Доминик Соланке.

Вестите доаѓаат неколку часа откако тимот се раздели со Џермејн Дефо, кој замина за Ренџерс. Според англиските медиуми двата тима се ракувале за зделка вредна 19 милиони фунти, како и дополнителни бонуси за 21-годишниот напаѓач.

Фудбалерот беше баран и од Кристал Палас, но менаџерот на „орлите“, Рој Хоџсон потврди дека тој нема да пристигне на „Селхрст Парк“.

Соланке се приклучи на Ливерпул во јули 2017 на слободен трансфер од Челзи. Тој постигна 27 натпревари минатата сезона, постигнувајќи гол, но не учествуваше во оваа кампања со црвениот дрес.

Тој ја освои „Златната топка“ кај младинците по триумфот на Англија на Светското првенство во 2017 година.

– Мислам дека ова е добар избор за мене на моја возраст. Во петокот разговарав со менаџерот. Тој е кул човек. Јас сум возбуден да се сретнам со него и да работам заедно за доброто на Борнмут. Мојата главна цел е да постигнам што е можно повеќе голови. Секој натпревар ќе биде тежок, но можеме да се справиме добро, ако се држиме заедно, изјави Соланке за клупската телевизија по трансферот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 18:23