Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк, ги смири навивачите на „црвените“ откако изјави дека нема место за паника по поразот од Манчестер Сити со 1:2.

„Граѓаните“ вчера го нанесоа првиот пораз на тимот на Јирген Клоп во актуелната кампања.

Ливерпул гостува на Вулверхемптон во натпревар од ФА Купот, кој се игра во понеделник, а потоа е домаќин на Брајтон на 12-ти јануари. Холандскиот дефанзивец, сепак, се надева дека поразот нема да влијае на расположението на тимот на било кој начин.

– Ние сме свесни дека сезоната ќе биде многу тешка, со многу подеми и падови. Тешко е да се прифати дека изгубивме, но нема простор за паника. За нас тоа беше уште еден важен натпревар за шампионатот. Непријатно е што не го постигнавме резултатот што го сакавме, изјави Вирџил ван Дајк.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 00:49