Раководството на Бенфика го посакува Жозе Мурињо за нов тренер на тимот, откако досегашниот тренер Руи Виторија беше отпуштен. „Орлите“ од Лисабон одлучија да се разделат со стратегот во четвртокот. Виторија го изведе тимот до две последователни титули на Португалија, но во оваа сезона „црвените“ заостануваат сериозно од лидерот Порто, а поразот со 0:2 од Портимонензе го исцрпи трпението на шефовите на „Луж“.

Раководството на Бенфика сега гледа кон Мурињо, кој е слободен откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во декември. Во моментов Специјалниот е во својата татковина и дури беше забележан на трибините на натпреварот помеѓу Виторија Сетубал и Санта Клара.

Мурињо веќе беше на чело на Бенфика во почетокот на кариерата, откако запиша 6 победи во 11 натпревари на чело на „орлите“. Тогаш сепак тој остана само 3 месеци во клубот, бидејќи имаше несогласувања со новоизбраниот претседател за договорот.

Најголемиот проблем пред евентуалното назначување на Мурињо на „Луж“ може да биде премногу високата плата на експертот кој сака по 15 миилона евра по сезона. Затоа Бенфика може да направи компромис и да го вработи само до летото.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 11:17