Асистентот на Маурицио Сари во Челзи – легендата Џанфранко Ѕола, го критикуваше напаѓачот на тимот Алваро Мората, кој, според него, не се претставува на потребното ниво во таков голем клуб.

Шпанецот се врати во стартниот состав на „сините“ во натпреварот против Саутемптон во средата, но не успеа да му помогне на тимот за победа и средбата заврши нерешено. Така поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Јувентус ја продолжи гол сушата во Премиер лигата на два месеци.

– Технички Мората, и од таа причина ние инвестиравме многу во него, е совршена „деветка“ за нас. Маурицио секогаш го кажувал тоа. Нема никакви сомневања дека технички тој е еден од најдобрите на својата позиција. Мислам дека тој треба малку да се подобри во тактички план, бидејќи денес фудбалот е така организиран што еден квалитет не е доволен – потребна ти е и тактичка писменост. Тоа само треба да го мотивира. Ти се наоѓаш во Челзи, не играш за Саутемптон или Брајтон, со сета почит кон овие клубови, изјави легендата за „Скај Спортс“.

Според него, Мората треба да се подобри во овој дел од играта и тој работи над оваа компонента.

– Тој и самиот чувствува дека бележи недоволно и се чувствува одговорен за тоа. Сепак тој треба да се научи да не ги носи овие мисли со себе на теренот, бидејќи тоа не ја прави неговата игра подобра. Луѓето имаат големи очекувања кон „деветката“ во Челзи. Тие очекуваат од голови и добра игра. Тоа е нормално и тој треба да се навикне на тоа. Ако Мората отиде во друг голем клуб, таму ќе биде ист – нема да успее да избега од одговорноста. Тоа е дел од професијата и за него ќе биде подобро да се научи да се справи со тоа, заврши асистент-менаџерот на Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 13:46