По долго додворување од страна на Марсеј, почнувајќи од минатото лето, Марио Балотели конечно ќе игра во францускиот гигант.

Лично претседателот на клубот, Жак-Анри Еиро го посакал напаѓачот во неговиот тим. Шефот го убедил менторот Руди Гарсија дека Балотели ќе му помогне на тимот во офанзивната линија, пишува „Екип“.

Италијанецот ќе се пресели во неговиот нов состав како слободен агент, откако вчера Ница одржа разговори со Балотели за да го прекине договорот.

Според француските медиуми, договорот ќе биде прекинат по согласност на двете страни.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 15:50