Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека со нетрпение го очекува дуелот со Тотенхем следниот викенд, бидејќи тоа ќе биде првиот „вистински тест“ за него по неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ како тренер.

Норвежанецот направи феноменален старт на чело на „црвените ѓаволи“, освојувајќи ги првите пет натпревари на чело на тимот, вклучувајќи и успех над Рединг во ФА Купот вчера. Следната недела сепак Јунајтед гостува на Тотенхем во дербито од 22-то коло на Премиер лигата.

– Гостување кај Тотенхем на „Вембли“ – ова е вистински тест. Го очекувам со нетрпение, бидејќи ќе ми даде појасна слика на кое ниво сме во споредба со водечките тимови. Ние не сме среќни кога зборуваме за четвртото, петтото или шестото место. По година-две, нашиот клуб треба да се придвижи повисоко на табелата, прокоментира Солскјер.

Манчестер Јунајтед ќе замине на краток камп во Дубаи, за да се подготви за тешкиот натпревар со „петлите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2019 12:27