Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да премине во Фулам во зимскиот трансфер прозорец.

Според информации на весникот „Мирор", интерес кон 23-годишниот Белгиец има од Фулам. Лично менаџерот на „котиџерс", Клаудио Раниери го побарал во својот состав Ориги, а раководството на клубот е подготвено да плати 15 милиони фунти за трансферот.

Белгискиот репрезентативец пристигна во Ливерпул од Лил во 2014 година, а минатата сезона беше позајмен на Волфсбург. Во оваа кампања Ориги има два натпревари за Ливерпул во Премиер лигата со гол и асистенција.

Само пред еден ден, „црвените" ги испратија Доминик Соланке и Натаниел Клајн во Борнемут.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2019 16:06