Минимална победа со 1:0 забележа Тотенхем над Челзи на првиот натпревар во полуфиналето на англискиот Лига куп.

Единствениот погодок синоќа на „Вембли“ го постигна Хари Кејн од пенал во 27. минута.

Пред да го досуди ударот од 11 метри поради прекршок над Кејн, судијата Мајк Оливер покажа „офсајд“ и им ја додели топката на Челзи, но потоа следуваше прегледување на видео снимката па со помош на ВАР беше констатирано дека не постоела недозволена позиција и домаќините добија пенал.

Реваншот меѓу градските лондонски ривали е закажан за 24 јануари на „Стемфорд Бриџ“.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Манчестер сити и Бартон.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 09:56