Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ изрази задоволство од постигнатиот трансферот на дефанзивецот на Штутгарт Бенџамин Павар кој во јули 2019 година ќе се пресели на „Алијанц арена“.
Според него, клубот е многу задоволен и многу горд што можеше да добие таков играч во своите редови.
– Потврдувам дека на 1 јули 2019 година, Бенџамин Пвар ќе стане фудбалер на Баерн. Тој потпиша петгодишен договор. Ова е млад играч кој веќе стана светски шампион. Многу сме задоволни и многу горди што можевме да привлечеме таков фудбалер во нашите редови, истакна Салихамијиќ.
Оваа сезона, 22-годишнито Французин одигра 14 натпревари за Штутгарт. На Мундијалот во Русија минатото лето беше дел од „триколорите“ кои станаа светски шампиони.