Калчолигашот Фиорентина го отфрли интересот на Манчестер јунајтед за српскиот фудбалер Никола Миленковиќ, бидејќи нема намера да се откаже од него во јануарскиот трансфер прозорец, објавија локалните медиуми.
Јунајтед беше подготвен да понуди пари плус Андреас Переира, но клубот од Фиренца уште на почетокот одби да го ослободи 21-годишниот дефанзивец.
Сепак, Фиорентина ќе ги разгледа понудите за Миленковиќ следната година, со барање од 50 милиони евра.
Со добрите игри, Миленковиќ го привлече вниманието на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус.
Тој во Фиорентина дојде од Партизан за 5,1 милиони евра.