Капитенот на фудбалскиот клуб Сараево, Крсте Велкоски, го продолжи договорот до летото 2021 година, соопштија од клубот.

Велкоски во Сараево за прв пат пристигна во 2014 година, а за враќање се одлучи во јули 2017 година. Тој има 131 настапи во дресот на тимот од БиХ и вкупно 52 постигнати голови.

– Мило ми е што успеав да се согласам за продолжување на соработката. Се надевам дека сè ќе биде добро и дека ќе ги постигнеме нашите цели, изјави Велкоски по повод продолжувањето на соработката.

Триесет-годишниот поранешен репрезентативец на Македонија кариерата ја започна во Работнички, а оттогаш ги носел дресовите и на Металург, Чехлаул, Еносис, Инчеон и Корат.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 17:46