Валенсија ќе се раздели со Мичи Батшуао, откако ќе го врати во Челзи предвреме.

Се очекува тоа да се случи до крајот на месецот, откако на „Местаља“ не останаа задоволни од напаѓачот, кого првично го привлекоа изнајмување за целата сезона.

Сега сепак се водат разговори за прекин на договорот и спортскиот директор на „лилјаците“ Матеу Алемани потврди дека до крајот на месецот клубот ќе се раздели со Батшуаи.

– Ситуацијата со него е јасна. Ние преговараме со неколку клубови за негово преминување, и ќе бидат потребни часови или денови за да замине. Тој, исто така, знае за тоа веќе некое време. Одлуката е донесена и тој нема да се врати, рече Алемани.

Напаѓачот постигна 3 гола во 23 учества за шпанскиот тим и во секој случај не ги оправда очекувањата, откако Валенсија е едвај на 12-то место на табелата, само 5 поени од опасната зона.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 18:39