Европскиот клупски шампион Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Наполи 100 милиони евра за трансферот на дефанзивецот Калиду Кулибали овој месец, објави италијански „Ил Матино“.

Ако договорот се комплетира, сенгалскиот дефанзивец ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, бидејќи ќе го надмине Вирџил ван Дајк, за кој Ливерпул плати 80 милиони евра на Саутемптон.

Наполи не сака да се откаже од Кулибали оваа зима, но нема да биде лесно да ги одбие големите пари за играч кој влегува во 30-тата година.

Кулибали, исто така, е посакуван и од Манчестер Јунајтед, иако замина менаџерот Жозе Мурињо, на чија листа на приоритети беше силниот и брз стопер, но и покрај доаѓањето на Оле Гунар Солсклер, интересот не се намалил.

Кулибали веќе четири и пол години е во Неапол, а претходно играше за Генк и Мец.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 18:50