Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери на прес-конференција пред претстојниот меч со Челзи во сабота, одговори на прашањето дали халфот Месут Озил може да го напушти тимот:
– Не размислувам за тоа. Мислам за тоа како тој може да ни помогне. Понекогаш тој ни помагаше со својата игра оваа сезона, но понекогаш имаше повреди и не можеше да игра. Во последните две недели тој работи како и обично. Можеби тој ќе игра во сабота, рече стратегот.
Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид се заинтересирани за фудбалерот. 30-годишниот Месут Озил одигра 16 натпревари за „топџиите“ оваа сезона и забележа 4 гола и 2 асистенции.