Амбасадорот на Русија при Обединетите нации, Васиљ Небензја денеска изјави дека Русија нема да го поддржи предлогот на САД – Советот за безбедност на ОН да го признае Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела.

– Тоа нема да помине, изјави Небензја и додаде дека ставот на Русија по повод кризата во Венецуела „останува непроменет“.

Портпаролот на Кремљ во текот на вчерашниот ден изјави дека за Русија, Николас Мадуро е легитимен претседател на Венецуела и дека обидите на опозицијата да ја узурпира власта во земјата се во целост нелегитимни.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 18:58