Специјални нуркачки екипи наскоро ќе почнат потрага по фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала и пилотот на исчезнатиот авион во водите кај Каналските Острови, објавија неколку британски медиуми повикувајќи се на информации добиени од свои извори блиски до спасувачките служби.

За потсетување, 28-годишниот Аргентинец, на пат од Нант кон Кардиф со изнајмен авион вечерта на 21 јануари не стигна до саканата дестинација во Велс.

По неколкудневно пребарување на теренот каде што авионот го снема од радарските екрани, полицијата ја прекина акцијата оценувајќи дека веќе не постојат шанси за преживување.

Сепак, семејството со пријателите и неколку познати фудбалски имиња собраа средствата потрагата по Сала да продолжи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2019 19:44