Полудефанзивецот на Монако, Цеск Фабрегас ги коментираше настаните во клубот пред полуфиналето во Лига Купот против Гинган.
– Тиери Анри веќе не е во Монако, но таков е животот. Сега играчите треба да се борат за клубот и за нашите фанови. Дојде многу важен момент. Денес играм за Монако и му помагам на тимот и неговиот нов тренер. Мислам дека Леонардо Жардим ќе ги сподели своите искуства, неговите идеи и мирот со играчите. Тој постигна добри резултати со Монако во минатото, рече Цеск Фабрегас.
Шпанецот додаде дека веќе имал разговор со старо-новиот тренер на тимот и дека тој целосно може да смета на него.
– Мојата единствена цел е да дадам сè од себе за да му помогнам да ја поправиме ситуацијата. Јас сум професионалец и тоа сакам да го демонстрирам тука, додаде уште Фабрегас.