Бразилскиот талент на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор призна дека би сакал да игра еден ден со својот сонародник Нејмар.

– Би сакал да играм со Нејмар, тој е мој идол. Тоа е човекот што го гледав како дете. Го следев внимателно откако почна да игра за Сантош. Се восхитувам на неговата игра и тој го знае тоа, рече Виничиус.

Во тековната сезона, 18-годишниот Бразилец има 18 настапи во Реал Мадрид на сите турнири со 2 гола и 9 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 13:28