Фудбалерот на Манчестер сити, Фернандињо верува дека неговата игра го смени ставот кон Бразилците во англиското првенство.

Тој се пресели во таборот на „граѓаните“ во 2013 година од Шахтјор за 40 милиони евра.

– Верувам дека најголемото наследство по моето заминување се отворените врати за бразилските играчи. Кога првпат дојдов тука, на нас гледаа претпазливо, дури и негативно. Сега веќе имаме четири Бразилци. Горд сум на тоа. Секогаш ме почитуваа и партнерите и навивачите. Чувствувам огромна љубов, изјави Фернандињо.

Покрај него во составот на Манчестер сити се и неговите сонародници Габриел Жезус, Данило и Едерсон Мораеш.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 15:59