Шпанскиот фудбалски прволигаш Виљареал му додели отказ на тренерот Луис Гарсија Плаза објави клубот на официјалниот твитер профил.

Името на новиот предводник „жолтата подморница“ ќе го објави наскоро.

Четириесет и шест годишниот Плаза го презема тимот на Виљареал на 10 декември 2018 година. Под негово водство, тимот постигна само една победа над Спартак во групната фаза на Лигата на Европа (2-0).

Под негово водство тимот загуби на осум натпревари.

Виљареал го зазема претпоследното место на табелата во Примера со 18 бодови по 21 коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 17:51