Милан се пласираше во полуфиналето на италијанскиот куп по победата од 2-0 против Наполи, а херој на натпреварот беше новиот додаток на „росонерите“ – Кшиштоф Пјатек.

Полјакот го „разнесе“ „Сан Сиро“ со два гола, откако ја отвори својата гол сметка во тимот од Милано уште во 11-тата минута, а потоа реализираше и во 28-та за конечен триумф.

Пред три дена, двата тима се соочија на истиот стадион, но во натпревар од Серија „А“ но не успеаја да се победат, откако одиграа без голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2019 10:08