Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо ги пофали своите играчи по победата со 2:0 над Наполи во полуфиналета за Купот на Италија.

Најголемите комплименти, сепак, беа за главниот јунак на натпреварот, Кшиштоф Пјатек, кој ги реализираше двата гола за успехот на „росонерите“.

-Им честитам на момчињата затоа што покажаа одлична игра против силниот тим на Наполи. Ние добро се браневме, а класата на Лукас Пакета и брзината на Самуел Кастело создадоа предуслови за успех. Пјатек пак сам го зработи вториот гол од никаде. Тој е смртоносен напаѓач во предните позиции. Многу ми е драго за него, но сакам да им честитам на сите затоа што успеавме да дејствуваме како тим во тешките моменти. Пјатек потоа ја направи разликата. Целиот тим се подобрува. Мораме да продолжиме во овој дух и да бидеме цврсти во одбраната, а потоа можеме да бараме и голови, рече Гатузо по мечот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2019 10:28