Уште еден фудбалер на Баерн Минхен е на пат да замине за Далечниот Исток. Откако вчера стана јасно дека напаѓачот Сандро Вагнер е пред потпис со кинески клуб, денеска излезе интересна информација за ветеранот Ариен Робен.

Холанѓанецот веќе објави наесен дека ја игра својата последна сезона на стадионот „Алијанц Арена“, но досега се сметаше дека Интер и ПСВ Ајндховен се фаворити за неговиот потпис.

Весникот „Спорт Нипон“ известува дека Робен во следниов период може да потпише со ФК Токио. Силен интерес за крилото има од неколку јапонски клубови.

Таткото на Ариен кој е и негов агент, ги утврди гласините како „глупости“. Според медиумите во Германија сепак крилото на Баерн нема ништо против да заигра во Јапонија, каде што веќе настапуваат големи имиња на светскиот фудбал, како Андрес Иниеста, Фернандо Торес, Давид Виља и Лукас Подолски.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2019 10:51