Тетовска Шкендија денеска соопшти дека се засилува со тројца нови фудбалери.
Лидерот Првата македонска Лига потпиша со 18-годишниот офанзивен играчод средниот ред Јакуп Бериша, кој доаѓа од скопски Вардар.
Покрај Бериша, Шкендија се засили и со Берат Беќири и Зија Мерџани.
Беќири, кој е роден во Копенхаген, игра на позицијата десно крило, настапувал за данските клубови Аварта, Наествед и У19 тимот на Копенхаген.
Левиот бек Мерџани доаѓа од школата на Шкендија, претходно бил на позајмица во Дрита Боговиње, Гостивар и Струга Трим Лум.
Шкендија во моментов се наоѓа во Анталија, каде се подготвува за вториот дел од сезоната во ПМФЛ.