Ѕвездата на Пари Сен Жермен – Нејмар, нема да се оперира од повредата на десното стапало, откако ќе продолжи да се лекува преку медикаменти и масажи.

За ова одлучија група престижни лекари во Париз по внимателно разгледување на состојбата на играчот.

Бразилецот се повреди на 23 јануари при победата со 2:0 против Стразбур во средба од шеснаесетфиналето на Купот на Франција.

Така Нејмар нема да може да игра цели 10 недели, што автоматски го вади од сметките за двата натпревари со Манчестер Јунајтед од осминафиналето во Лигата на шампионите (на 12 февруари на „Олд Трафорд“ и на 6 март на „Парк де Пренс“)

Бразилецот се очекува да се врати да игра за евентуалното четвртфинале на ПСЖ на почетокот од април.

– Во вторникот вечер во спортскиот центар на ПСЖ – „Оредо“, група специјалисти донесоа одлука Нејмар да продолжи со конзервативното лекување на својата повреда во десното стапало. Тој нема да се оперира, а самиот играч е согласен со заклучокот. Обновата на Нејмар ќе трае 10 недели, напишаа од францускиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2019 13:13