Директорот на Интер, Пјеро Аусилио изјави дека се уште нема официјални понуди за крилото на тимот, Иван Перишиќ. Хрватот има желба да го напушти „Џузепе Меаца“, откако за него има интерес од Арсенал. „Неразурите“ сепак сакаат 40 милиони евра за него.
– Перишиќ сака да си ја проба среќата во друг шампионат, но засега нема задоволителни понуди. Ако остане со нас, очекувам тој да биде професионален, како и секогаш. Ние сакаме да ја врати формата, која нема да трае долго. Би рекол дека трансфер прозорецот за Интер е затворен, вели Аусилио.
Директорот додаде дека тимот од Милано во моментов има амбицизоно раководство, кое сака да го врати тимот таму каде што заслужува.
– Интер помина тежок пат во изминатите неколку години, менувајќи го сопственикот три пати. Сега имаме солиден и амбициозен сопственик, кој покажува трпеливост за да можеме да постигнеме големи работи, додаде Аусилио.