Ветеранот на италијанскиот фудбал, Марко Бориело го напушти шпанскиот третолигаш Ибица по само пет месеци.
Поранешниот италијански репрезентативец го раскина договорот со клубот и бара нова средина на 36 години. Тој пристигна оваа година на познатиот остров во Шпанија како слободен играч од СПАЛ, но играше само на седум натпревари и при тоа не постигна гол.
Бориело во Серија А има дадено вкупно 96 гола додека играше за Милан, Рома, Јувентус, Џенова, Аталанта, Каљари и СПАЛ.
Тој има и седум настапи за Италија.