Екипата на Ливерпул дозволи непромислен потег во битката со Манчестер Сити за шампионската титула, откако синоќа одигра само нерешено 1:1 дома против Лестер.

Така „црвените“ пропуштија да му избегаат седум поени на големиот конкурент, кој во вторникот изненадувачки загуби од Њукасл со 1:2.

Сепак, Ливерпул е лидер во рангирањето, со пет бода пред „граѓаните“. Мане (3) ги изведе домаќините во предноср, а прецизен за гостите беше Мегваер (45).

Треба да се напомене дека судијата Мартин Аткинсон на неколку пати сериозно го оштети Ливерпул, откако не им досуди пенал во второто полувреме, а пред одморот при 1:0 можеше да покаже црвен картон на Мегваер.

Резултати од средата во Премиер лигата, 24 коло:

Борнемут – Челзи 4:0 Саутемптон – Кристал Палас 1:1 Ливерпул – Лестер 1:1 Тотенхем – Ватфорд 2:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 10:08