Барселона се пласираше во полуфиналето на Шпанскиот куп по победата над Севиља со 6:1 на „Камп Ноу“ во реванш-дуелот. Момците на Ернесто Валверде продолжуваат со одбраната на ланскиот трофеј, по вкупниот успех со 6:3 од двата натпревари.

Каталонците го отворија резултатот преку Филипе Котињо во 13-тата минута, но клучниот момент беше спасениот пенал на Силесен четврт час подоцна. Холанѓанецот покажа одличен рефлекс и го спаси ударот на Банега од белата точка.

Ова ги скрши Андалузијзите и дозволија Иван Ракитиќ да удвои, а кратко по паузата Барса нанесе брз двоен удар во рамките на една минута. Прво, Филипе Кутињо го постигна својот втор гол на натпреварот, а потоа Серхи Роберто реализираше мајсторски по пас на Лео Меси.

Гостите се чинеше дека веќе се откажале од натпреварот, но грешката на Силесен и силниот проектил на Арана ги врати во игра. Сепак, во 89-тата минута, Луис Суарез стави точка во спорот и го испрати тимот во полуфиналето. Во додаденото време, Лео Меси го формираше конечниот резултат.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 10:35