Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола бил многу лут од играта на својот тим во натпреварот против Њукасл во Премиер лигата. Во 24-тото коло на првенството „граѓаните“ загубија со 1:2, а по натпреварот Гвардиола им викал на играчите за долг период на време.

Според „Дејли Мејл“ шпанскиот тренер разговарал половина час со фудбалерите и ги изразил своите претензии кон нив. На висок тон тој изразил незадоволство од тоа што тимот не го притиснал противникот по првиот погодок дека престанале да играат и не биле доволно агресивни.

По 24-то коло разликата помеѓу Сити и лидерот Ливерпул стана 5 поени. Како што е познато, синоќа Ливерпул не го победија Лестер, туку одиграа 1:1 и не го искористија погрешниот чекор на актуелниот англиски шампион.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2019 13:04