Играчот на Челзи, Еден Азар е прогласен за најдобар белгиски фудбалер во 2018 година, соопшти прес-службата на националниот тим.

За него гласаа 14.974 навивачи, речиси пет пати повеќе од второпласираниот.

По Азар најмногу гласови (3.801) доби играчот од средниот ред на Борусија од Дортмунд Аксел Вицел.

Кевин де Бруин од Манчестер Сити е трет со 2.005 гласа.

Претходно Азар беше прогласен и за спортист на Белгија за 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2019 14:21