Менаџерот на Кардиф Сити, Нил Ворнок се пожали дека трагедијата со Емилијано Сала се одразила многу лошо на трансферната политика на клубот. 28-годишниот Сала исчезна денови откако потпиша со велшкиот тим, откако авионот кој го превезуваше од Нант, се урна над Ламанш.

– Двајца од напаѓачите со кои се поврзавме, категорично одбија да преминат во нашиот клуб поради тоа што се случи со Сала. Ова беше најтешкиот преоден рок, изјави Ворнок.

Дури во последен момент пред затворањето на прозорецот Кардиф успеа да го привлече напаѓачот на Рединг – Леандро Бакуна.

– Среќни сме што успеавме да го земеме Бакуна. Тој е играч кој јас многу го сакам и го следам одблизу веќе три години. Тој може да игра на секоја позиција по теренот, па тоа ќе ни помогне многу, рече уште искусниот стратег.

Кардиф е на 18-тото место на табелата во Премиер лигата со 19 поени од 24 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2019 16:04