Манчестер Јунајтед официјално го продаде Маруан Фелаини на Шандонг Лунганг, пренесеофицијалната страница на клубот.

Белгискиот играч од средниот ред оди во Кина на постојан трансфер.

Тој пристигна кај „Црвените Ѓаволи“ во 2013 година и за пет и пол години запиша 177 натпревари за клубот и 22 гола. Тој, исто така, освои четири трофеи – ФА Купот, Комјунити шилд. Лига купот и Лига Европа.

Манчестер Јунајтед на Твитер му се заблагодари и му посака се најдобро на играчот во иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2019 18:32