Ждребот за полуфиналето за Кралскиот Куп на Шпанија порано денеска одреди Реал Мадрид и Барселона да се соочат еден со друг во полуфиналето на турирот. „Белиот балет“ во четвртфиналето ја исфрли Жирона, додека Каталонците се справија со тимот на Севиља.
Ова значи дека за помалку од еден месец ќе имаме можност три пати да уживаме во „Ел Класико“. Првата епизода е следната недела кога Барселона е домаќин на првиот натпревар од полуфиналето. 27 февруари ќе биде реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, а на 2 март повторно во Мадрид, двата колоса ќе се исправат еден против друг, но овој пат во Ла Лига.
Двата тима не се сретнале за Купот од 2014 година, кога во финалето Реал го победи големиот ривал со 2:1 со гол на Герет Бејл во дополнителното време. Ова ќе биде осмо полуфинале во два дуели во кое се среќаваат, а последен пат беше во сезоната 2012/13, како Реал победи со 4: 2 по продолженија.