Напаѓачот на Рома, Един Џеко беше казнет со 10 илјади евра и суспендиран за 2 натпревари поради директниот црвен картон кој си го заработи при поразот на својот тим со 1:7 од Фиорентина во четвртфиналето од Купот на Италија.

Нервите на искусниот напаѓач не издржаа до крајот на натпреварот, кога Жорди Верету од „виолетовите“ во рамките на секунди на два пати го нападне доста цврсто Лоренцо Пелегрини во обид да му ја одземе топката. Главниот судија Џанлука Мањанело не го казни потегот со жолт картон, што го налути Џеко. Бошњакот пристапи луто кон него и си дозволи отворено да го навреди судијата, а од повторувањата на ситуацијата остана впечаток дека и го плукнал.

Триесет и две годишниот Џеко беше казнет за „употреба на навредлив јазик при протест против одлуката на судијата“. Без разлика на санкцијата, фудбалерот ќе биде на располагање за Рома во дербито против Милан оваа недела, бидејќи во Италија санкциите не се пренесуваат меѓу одделните натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 01:21