Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе ги задржи државните награди од Португалија. Ова беше одлучено на седница на Советот на почесните ордени во земјата, кој ја разгледа ситуацијата со пресудата на петкратниот освојувач на „Златната топка“ за скриени даноци.

Роналдо е носител на орденот „Голем крст“ за заслуги на Португалија. Наградата му беше врачена по триумфот на репрезентацијата на Евро 2016. Покрај тоа, тој е носител на националниот витешки медал „Орденот на Принцот Енрике“.

Португалската фудбалска ѕвезда беше под закана да остане без заслугите откако беше осуден во Шпанија за даночно затајување и според пресудата, тој доби 23 месеци условно и треба да плати казна од 18,8 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 11:54