Италијанскиот шампион Јувентус има намера да го привлече дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело. Тие ќе се обидат да го земат на крајот од сезоната и ќе им понудат на „белите“ 45 милиони евра за 30-годишниот Бразилец, тврди „Фудбал Италија“.

„Старата дама“ ќе се обиде да го убеди Марсело да игра во Торино со плата од 12 милиони евра по сезона. Бранителот има договор со екипата од Мадрид до летото 2022 година.

Јувентус ќе го финансира купувањето на бекот со дел од парите што планира да ги добие од продажбата на Алекс Сандро во англиската Премиер лига. Веројатно Марсело ќе ја прифати понудата, бидејќи, според гласините, тој сака да се собере повторно со неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо, кој минатото лето се приклучи на гигантот од Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 13:11