Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, може да го напушти англискиот клуб. И ако тоа се случи, италијанецот има речиси сигурно место каде да ја продолжи кариерата.
Сари ги презеде „сините“ летото 2018 и значително ја подобри нивната игра. Сепак, во последниве неколку месеци, лондонскиот не се претставува добро и ги загубија шансите за освојување на титулата – тие се 14 поени зад Ливерпул. Покрај тоа, според гласините, италијанскиот стратег не е на иста „бранова должина“ со некои од неговите играчи, а има и конфликт со раководството.
Според „Кориере дело Спорт“, Рома е заинтересирана за услугите на Сари. Тие размислуваат да го отпуштат тренерот Еузебио ди Франческо, бидејќи под негово водство тимот не се развива како што се очекуваше.
„Волците“ го заземаат петтото место во Серија „А“, што не им дава право да учествуваат во Лигата на шампионите следната сезона. Покрај тоа, пред неколку дена, Рома срамно испадна од Купот, откако беа декласирани со 7:1 од Фиорентина.
Како што е познато, Челзи се помачи за да го ангажира италијанскиот стратег. Според гласините, раководството на екипата платило 5 милиони евра на Наполи за раскинување на договорот.