Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери предупреди дека тимовите имаат потешкотии да го наметнат својот стил на игра против Манчестер Сити. Тренерот донекаде го откри рецептот за успех против „граѓаните“.

– Нормално, Манчестер Сити во секој меч го наметнува својот стил. Сакате да го наметнете вашиот, да играте на свој начин, но понекогаш ви треба адаптација – повеќе или помалку, вашата игра зависи од вашите противници. Многу е тешко да се разбие нивниот стил и да се наметне сопствениот. Кога многу екипи играат со многу длабока одбрана, ова е затоа што тоа им е единствената шанса за победа. Но, тој стил може да функционира, како кај Њукасл и Кристал Палас против нив, изјави Унаи Емери.

Со евентуално освојување на бодови вечерва, „топџиите“ може да им направат услуга на лидерите на табелата, Ливерпул. Дуелот на лондонскиот тим против Манчестер Сити на „Етихад“ започнува од 17:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2019 11:13