Сопствениците на Молде му порачале на поранешниот тренер на норвешкиот тим, Оле Гунар Солскјер да остане во Манчестер Јунајтед и да не се враќа во својата татковина. Норвешкиот експерт има одлични резултати на чело на „црвените ѓаволи“ од неговото назначување во декември.

– Кога им се јавив и им реков дека имам можност да одам во Јунајтед и да го остварам мојот сон. Тие ми одговорија да уживам и да не се враќам. Ми посакаа се најдобро, бидејќи знаеја какви се моите соништа. Беше неверојатно дека ме поддржаа. Ако еден ден се вратам во Молде, ќе дадам се од себе, изјави Солскејер за британските медиуми.

Подоцна денеска, Јунајтед гостуваат кај Лестер Сити. Под раководство на Солскјер, „црвените ѓаволи“ запишаа осум победи и едно реми во сите натпреварувања.

Договорот на Норвежанецот со клубот од Манчестер е до крајот на оваа сезона, а во текот на летото двете страни може да потпишат нов долгорочен договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2019 12:30