Хрватски Динамо Загреб го привлече левиот бек на Вардар, Филип Антовски.
Вардар ќе добие 25.000 евра за 18-годишниот талент, кој во прво време ќе настапува за вториот тим на Динамо.
За репрезентативецот на Македонија до 19 години бил заинтересиран и вечниот ривал на тимот од „Максимир“, Хајдук Сплит.
Според „Спортске новости“ иако сплитскиот тим давал поголема сума за неговите услуги, пресудила желбата на Антовски да игра во најтрофејниот хрватски клуб.