Реал Мадрид го совлада Алавеш со 3:0 во натпревар од 22-та рунда од Примера дивизија.

Карим Бензема го изведе Реал во водство во 30-тата минута, додека Виничиус Џуниор реализираше во 80-тата минута за 2:0 со помош на Марко Асенсио. Новиот додаток, Маријано, го оформи резултатот во продолжението на мечот.

Статистиката беше целосно во корист на „белите“ – 21:8 во шанси и 7:1 во прецизни удари во рамките на голот.

Реал е на само две поени зад Атлетико на табелата, а следната сабота оди во посета на својот градски ривал.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 10:11