Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари по успехот на тимот со 3:0 над Алавеш во дуел од 22-то коло на Ла Лига изјави дека неговиот тим секогаш е е фаворит во „Ел Класико“.

„Белите“ излегуваат против Барселона во полуфиналето од Купот, првиот дуел е во среда (6-ти февруари), додека реваншот се игра на 27 февруари.

– Реал Мадрид секогаш е фаворит во „Ел Класико“. При сета почит кон противникот, ние секогаш сакаме да победуваме. Реал Мадрид никогаш не се предава, денеска покажавме дека сакаме да го скратиме заостанувањето од Барселона. Не зборуваме за нашиот и за распоредот на Барселона, треба да се подготвиме за натпреварот и да се претставиме на високо ниво, изјави Аргентинецот за претстојниот дуел.

Тој го пофали и 18-годишниот Виничиус Жуниор, кој беше стрелец во мечот со Алавеш.

– Виничиус одигра извонреден натпревар. Ние сме воодушевени од неговата игра и напредокот што го демонстрира, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 10:17