Тренерот на Интер, Лучано Спалети не планира да поднесе оставка по поразот од последната Болоња со 0:1 во 22-то коло на Серија „А“.

Интер е трет на табелата, на четири од четвртиот Милан, кој синоќа ремизираше 1:1 со Рома во дербито на колото.

– Дефинитивно нешто ни недостасува, не се движиме доволно на теренот. Другите тимови се посилни од нас во овој елемент. Прашањето за оставка треба да се упати кон раководството. Јас не гледам смисла да зборувам за тоа, прокоментира Спалети по мечот.

За гигантот од Милано, ова е третиот последователен натпревар во кој не успева да стигне до победата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2019 10:22